ЗДРАВЈЕ

Намалете ги килограмите со осумчасовната диета

18.11.2020 10:26

Во денешно време, кога навистина има многу информации за различни начини за намалување на телесната тежина, сигурно сте се запрашале која диета е најдобра? Иако одговорот ќе зависи од личноста, бидејќи нашите организми се различни, можеби не е лошо да пробате осумчасовна диета.

Што е осумчасовна диета?

Тоа е диета дизајнирана од Дејвид Зинченко. Овој вид диета се нарекува и привремен пост и тој се менува помеѓу периоди на јадење и постење. Креаторот на диетата тврди дека осумчасовната диета може да направи да изгубите тежина за само неколку дена.

Овој принцип на пост 16: 8 се користи уште од античко време и се заснова на теоријата дека човечкото тело е дизајнирано полесно да издржи период на обилно хранење, проследено со период на пост. Слабеењето во осумчасовна диета треба да биде околу 4,5 килограми неделно.

Дали навистина функционитра осумчасовната диета?

За време на постот, нивоата на хормонот за раст се зголемуваат, поради што се губи масното ткиво и се зголемува мускулното ткиво, се подобрува чувствителноста на инсулин, се санираат клетките и се подобруваат функциите на гените поврзани со заштита од болести

Покрај тоа, осумчасовната диета служи како „измама“ за вашето тело, бидејќи поради постот смета дека внесувате помалку калории. Колку помалку калории внесувате и колку повеќе трошите, толку полесно ќе ги изгубите несаканите килограми.

Според некои извори, се препорачува да се практикува оваа диета најмалку три дена во неделата, но некои извори покажаа дека не е многу ефикасна и постот треба да се одвива почесто.

Кога да јадете во текот на осумчасовна диета?

Времето на осумчасовна диета е предмет на сопствените желби и индивидуалната потреба за храна. Не е наведено во кои осум часа од текот на денот  треба да консумирате храна, и во кое време треба да постите.

Периодот од 9 до 17 часот се смета за идеален за јадење. Што и да одберете, најважно е да ги добиете сите дневни калории што му се потребни на вашето тело во тој период. Исто така, нема ограничувања за фактот дека осумчасовната диета мора да биде во исто време секој ден.

Што да јадете?

Храната во осумчасовната диета не е одредена, што значи дека нема ограничувања, но се очекува да се храните здраво. Ова не е изговор да се прејадуваме тие осум часа на ден, туку да се јаде доволно за да може да се издржи пост од 16 часа по периодот на хранење.

Нема правила што треба да јадете, но се препорачува да јадете разновидна здрава храна, животински и растителни протеини и здрави јаглехидрати. Единствените работи што не треба да се консумираат во осумчасовната диета се слатки пијалоци и алкохол. За време на постот е дозволено чај, вода и кафе, но не и други слатки пијалоци.

Дијана Гогова Атанасова