Филипче на средба со директорите на Интерните клиники, се прошируваат капацитетите за ковид пациенти

18.11.2020 11:37

Министерот за здравство Филипче на состанок со директорите на интерните клиники. Била разгледана моменталната состојба со пополнетоста на ковид-центрите, состојбата на пациентите кои таму се лекуваат, како и расположливоста со медицински персонал, и можностите и потребата од проширување на капацитетите.

На интерните клиники, моментално има околу 20-тина слободни места, а се очекува да се направат и дополнителни исписи на оздравени пациенти. Од утре почнува да работи и ковид-центарот на Клиниката за очни болести, каде што ќе можат да се сместат 33 пациенти.

„Состојбата е сериозна и се соочуваме со силен бран на вирусот и голем наплив на болни. Наша цел е ниту еден пациент да не остане без лекарска грижа, а во исто време да не ја намалиме ниту редовната програма на клиниките за акутните и хроничните пациенти“, вели министерот Филипче.

30 млади лекари- приватни специјализанти доброволно ќе се вклучат во работата на ковид-центрите.  Во најкраток рок се очекува да се направи нивна прераспределба на инфективните одделенија.