Советот за безбедност утре ќе заседава, во фокус ситуацијата со Ковид-19

18.11.2020 12:13

Ова е вторпат за 20-на дена како Советот за безбедност расправа за состојбата со коронавирусот. Сѐ уште е неизвесно, дали ќе има некакви препораки за евентуална кризна состојба...

За утре напладне, претседателот Пендаровски го свика Советот за безбедност. Покрај редовните членови, по покана на шефот на државата ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.

На маса, актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 и мерките и активностите на надлежните институции.

Ова е вторпат за 20-на дена како Советот за безбедност расправа за состојбата со коронавирусот. Сѐ уште е неизвесно, дали ќе има некакви препораки за евентуална кризна состојба или пак, ќе се остане на почитувањето на веќе донесените мерки.