Привремено решение за пожарникарите
Градоначалникот Шилегов потпиша правилник со кој ретроактивно ќе им бидат исплатени надоместоците на плата за опасност при работа, долгогодишен проблем, кој минатиот месец кулминираше со протести на луѓето со една од најризичните професии.

Се најде привремено решение за пожарникарите. Градоначалникот Шилегов потпиша правилник со кој ретроактивно ќе им бидат исплатени надоместоците на плата за опасност при работа, долгогодишен проблем, кој минатиот месец кулминираше со протести на луѓето со една од најризичните професии.
Ова е едностран акт на градоначалник, без правна заштита, рече Шилегов и како правна форма може било кој да го укине. Пожарникарите бараа повисока плата и исплата на надоместоците, а градоначалникот тогаш им понуди медијатори, за побрзо да се реши проблемот и да ги добијат парите за кои веќе има судска пресуда.
Градоначалникот Шилегов истакна дека ова е само привремено решение. Трајно решение ќе се донесе во првата половина од наредната година, со законските измени.
Александра Спировска
