Италијаните работат на брз тест за ковид кој ќе може да се купи во аптека
Нема да биде потребно одење на лекар, што би го олеснило притисокот врз здравствените установи...

Во северно италијанскиот регион Венето почна истражување на тестот „Направи сам“ кој ќе покаже евентуална позитивност на ковид 19-информираат италијанските медиуми. Кога ќе биде достапен во аптеките граѓаните ќе можат за 3 евра сами дома да проверат дали се позитивни на вирусот. Нема да биде потребно одење на лекар, што би го олеснило притисокот врз здравствените установи. Претседателот на регионот Лука Заја на конференција за новинарите изјавил дека наскоро пристигнуваат 5 000 тестови.
Еве како функционира овој брз тест за домашна употреба: Задачата на тестот се состои во тоа да ги бара површните протеини кои се карактеристични за вирусот. Содржи стапче како она за чистење уши со кое се зема брис . Тоа се става во ноздрвите и се врти 5 пати Потоа се става во посебни мали садови во кои има реагенси што ќе покажат дали тестот е позитивен или негативен.
Соња Стојановска
