Советот за безбедност ќе заседава за актуелната ситуација со Ковид-19

19.11.2020 09:49

Во Вила Водно напладне седница на Советот за безбедност. На покана на шефот на државата Пендаровски ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче...

Во Вила Водно напладне седница на Советот за безбедност. На покана на шефот на државата Пендаровски ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче. На маса, актуелната ситуација со пандемијата и мерките и активностите на надлежните институции.

Ова е вторпат за 20-на дена како Советот за безбедност расправа за состојбата со коронавирусот. Сѐ уште е неизвесно, дали ќе има некакви препораки за евентуална кризна состојба или, пак, ќе се остане на почитувањето на веќе донесените мерки.