Совет на амбасадори: Бугарија не се претстави како европски ориентирана земја
Со овој непримерен чин, Република Бугарија не се претстави како европски ориентирана земја која ги почитува и применува европските вредности и стандарди на самоопределување, човекови права, демократија, јазичните и културните вредности и различности- се вели во дописот.

Не може да се развиваат добрососедски односи меѓу земјите со негирање на минатото на народите, нивните јазични и културни вредности- оцени Советот на амбасадори по ветото на Бугарија за отпочнување на преговори на државава со Европската унија.
Со овој непримерен чин, Република Бугарија не се претстави како европски ориентирана земја која ги почитува и применува европските вредности и стандарди на самоопределување, човекови права, демократија, јазичните и културните вредности и различности- се вели во дописот.
Советот ги повикува земјите- членки на унијата, а посебно Република Бугарија, да вложат вистински напори и да придонесат на Европскиот совет да се донесе вистинската одлука, односно во декември Република Северна Македонија и ЕУ да ја одржат првата меѓувладина конференција.
