КОВИД-19

СЗО: Борбата со вториот бран ќе се води без вакцина

19.11.2020 10:45

Во Европа, Белгија со највисок процент на смртност од ковид-19. Во соседна Германија, Двата дома на Парламентот усвоија измени и дополнувања на законот за заштита од заразни болести...

И натаму расте бројот на заразени и починати до новиот коронавирус во светот. Од почетокот на пандемијата починале над 1,35 милиони луѓе. Повеќето земји планираат и дополнително заострување на рестрикциите особено поради претстојните божиќни и новогодишни празници.

Во Европа, Белгија со највисок процент на смртност од ковид-19. Во соседна Германија, Двата дома на Парламентот усвоија измени и дополнувања на законот за заштита од заразни болести, со што се зголемуваат овластувањата на Владата. Одлуката предизвика протести во Берлин бидејќи критичарите сметаат дека измените се противуставни и ги ограничувале основните права и слободи.

Француското Министерство за финансии бара одложување на таканаречениот „Црн петок“ на 27 ноември. СЗО предупреди - вакцините нема да стигнат навреме за вториот бран така што многу земји ќе мора да се борат без тоа медицинско решение.