Иран е подготвен повторно да ги почитува обврските од Нуклеарниот пакт

19.11.2020 10:58

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден најави план за промена на курсот на политиката од актуелниот шеф на Белата куќа, Доналд Трамп...

Иран е подготвен повторно да ги почитува обврските од Нуклеарниот договор доколку администрацијата на Вашингтон ги укине новите санкции против Техеран.

Американското министерство за финансии објави нови казнени мерки во енергетиката, рударството и финансиските услуги.

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден најави план за промена на курсот на политиката од актуелниот шеф на Белата куќа, Доналд Трамп, со која според него, се вршел притисок врз Иран.