Бојан Јовановски бара изземање на судијката Гаврилова Ефремовска поради пристрасност
Првообвинетиот Јовановски, на почетокот побара изземање на судијката Софче Гаврилова Ефремовска, поради како што рече, пристрасност, бидејќи била дел од судечкиот совет во случајот „Рекет“.

Со изведување на материјални докази денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде што заедно со основачот Бојан Јовановски, се обвинети уште четири лица.
Првообвинетиот Јовановски, на почетокот побара изземање на судијката Софче Гаврилова Ефремовска, поради како што рече, пристрасност, бидејќи била дел од судечкиот совет во случајот „Рекет“.
Судијката рече дека барањето ќе биде проследено до претседателот на судот, по што рочиштето продолжи со изведување на материјални докази, предложени од Обвинителството.
