Подготвен извештајот за случајот со починатата пациентка во штипската болница

19.11.2020 13:39

Директорот на оваа установа вели, во врска со починатата пациентка од Берово, направен е записник на Комисијата за контрола на квалитетот на здравствените и етичките прашања, и е доставен до инспекторот.

Денеска истекува рокот за подготвување на извештајот од страна на Инспекцискиот совет за случајот со починатата пациентка во штипската болница. Директорот на оваа установа вели, во врска со починатата пациентка од Берово, направен е записник на Комисијата за контрола на квалитетот на здравствените и етичките прашања, и е доставен до инспекторот.

Се што понатаму ќе биде побарано од страна на надлежните институции, ќе биде испочитувано, вели првиот човек на штипската болница.

Ѓеорѓијев бара да престанат нападите на трудот на медицинските работници, да ги почитуваме и нив и мерките за заштита, бидејќи состојбата е и онака премногу тешка.