Заев: Прогласувањето кризна состојба во цела држава најдоцна до утре вечер
Заев појасни дека прогласувањето на кризната состојба не е повразно со ограничување на движењето на граѓаните, туку со полесно менаџирање на сите ресурси во државата во справување со пандемијата поврзана од коронавирусот.

Прогласувањето на кризна состојба на територија на целата држава би можело да се случи најдоцна утре вечер, а можеби и порано, најави денеска премиерот Зоран Заев откако Советот за безбедност и предложи на Владата тоа да го направи. Заев појасни дека прогласувањето на кризната состојба не е повразно со ограничување на движењето на граѓаните, туку со полесно менаџирање на сите ресурси во државата во справување со пандемијата поврзана од коронавирусот.
Владата и институциите се целосно подготвени на овој чекор. Сега по носењето на одлуката на Советот за безбедност се враќам во Владата и ќе дадам наредби на Управувачкиот комитет кој треба во најбрз рок да предложи до Владата прогласување кризна состојба. Најдоцна утре вечер ќе одржиме седница на Владата. Ако бидат подготетвени сите институции од формално-правен аспект ние сме подготвени верчерва или најдоцна утре вечер да прогласиме кризна состојба, рече заев во изјава по завршувањето на седницата на Советот за безбедност.
Тој истакна дека иако засега не се размислува за полициски час или било какво затворање, тоа како можност не е исклучено.
