Кривичен суд

Ново рочиште за „Меѓународен сојуз“ на 25-ти ноември

19.11.2020 15:37

Судењето за „Меѓународен сојуз“ ќе продолжи на 25-ти ноември. На денешното рочиште беа изведени материјални доказаи. Судијката Ефремовска побара медицинска документација за обвинетиот Бојан Јовановски...

Со изведување материјални докази во Кривичниот суд продолжи процесот за невладината организација „Меѓународен сојуз“, познат во јавноста и како „Рекет 2“. Првообвинет е Бојан Јовановски, неговиот татко, поранешната пратеничка Ременски и уште две лица. Јовановски побара изземање на судијката Софче Гаврилова Ефремовска, поради пристрасност, бидејќи била дел од судечкиот совет на случајот „Рекет“. Судијката одговори дека барањето ќе биде проследено до претседателот на Судот, по што рочиштето продолжи. Јовановски обвини за политичко влијание врз судот за овој предмет.

Бојан Јовановски во овој предмет е обвинет за измама и перење пари. Поранешната пратеничка Ременски за помагање, а на товар на татко му на Бојан му се става и неовластено држење, посредување и тргување со оружје..

Ременски пред судот најави поднесување на два приговора, кои како што рече ќе фрлат сосема поинакво светло на случајот.

„Зборувам за незаконскиот влез во мојот дом, што се поврзува и со незаконски издадена јавно обвинителска наредба за спорведување на таков претрес. Јавното обвинителство буквално не поднесе ништо како доказ од тоа што беше одземено од мојот дом .Ќе ја водиме до крај, зошто тоа е дополнителен доказ. Тенденциозното и незаконско влегување дома е дел од една поголема јавно обвинителска полициска конструкција во целиот период на истрага“, изјави Фросина Ременски.

Новото рочиште е закажано за 25-ти овој месец.

 

Марина Стојанова- Тонева