Вакцинирањето против сезонски грип се одвива непречено
Вакцини има, но надлежните апелираат - граѓаните кои закажале термин да се појават на пунктовите, доколку се спречени, резервираниот термин да го откажат. Бесплатната инунизација против сезонски грип се врши на шест пункта на јавно здравствени установи...
3.270 граѓани изминативе седум дена примиле бесплатна вакцина против сезонскиот грип, а 126 граѓани резервирале термин преку матичните лекари, но не се појавиле на закажаниот пункт.
Вакцини има, но надлежните апелираат - граѓаните кои закажале термин да се појават на пунктовите, доколку се спречени, резервираниот термин да го откажат. Бесплатната инунизација против сезонски грип се врши на шест пункта на јавно здравствени установи.
Секој петок од тековната недела се отвараат термини преку системот „Мој термин“. Оваа пракса годинава е воведена бидејќи е потребно да се направи физичка и временска дистанца помеѓу пациентите за да се не се дозволи ширење на коронавирусот.
Директорот на Институтот за јавно здравје информираше дека се зголемуваат капацитетите за правење ковид- тестови.
Од Институтот велат дека се вклучени сите капацитети, но сепак се доцни некогаш поради тоа што голем е бројот на пациенти кои се позитивни на ковид.
Ана Јосифоска- Тодоровска
