Климатотерапија- лекување со елементите на природата

19.11.2020 16:37

Климата која не ни одговара, може да ја поремети чувствителната природна рамнотежа во нашето тело. Но, и обратно-здравствените тегоби може да се лекуваат со промените на климата.

Се во Универзумот се состои од 5 елементи: вода, воздух, оган, земја и етер.Овие елементи, во суптилно испреплетен облик се содржат и во нашето тело. Нерамнотежата на елементите во организмот предизвикуваат болест. Заради тоа, користењето на елементите на природата во терапевтска сврха има голема смисла. Климаторепијата е метод кој ги користи климатските услови за лекување и рехабилитација. И нашите предци биле свесни за  влијанието на климата врз здравјето. 

Древните ајурведски записи зборуваат за влијанието на климата врз балансот од кој зависи нашето здравје. Климата која не ни одговара, може да ја поремети чувствителната природна рамнотежа во нашето тело. Но, и обратно-здравствените тегоби може да се лекуваат со промените на климата.

Климатските зони имаат влијание на здравјето. Медитеранската клима е една од најздравите за живеење на нашата планета. таа е благотворна за многу болести поради богатството од озон и честичкиод сол. Планинската клима е одлична  поради чистиот и свеж воздух и благотворна за имунитетот и крвната слика. Колку и да изгледа неверојатно и пустинската и степската клима имаат добро дејство на организмот кој треба да се ослободи од течности без да ги оптоварува бубрезите., а добра е и за ревматичари, Тропската клима поради својата влажност не е популарна го отежнува дишењето и погодна е за микроорганизми и паразити што предизвикуваат инфекции. Климата на Мртвото море е уникатна и многу благотворна за здрвајето поради високата концентрација на соли, топлината и ниската влажност. 

Видови климатотерапија

Аеротерапијата дословно значи лекување со помош на воздухот. Свежиот квалитетен воздух е клучен за добро здравје. По можност секој човек треба да престојува во опкружување со  квалитетен воздух барем 30 минути дневно, а покрај  прошетките пожелное да се прават и лесни вежби, длабоко дишење и медитации.  Таканаречените воздушни купки ја поттикнуваат  циркулацијата и чистењето на организмот, добри се за ревматичари, за болести на нервниот систем, срцеви тегоби, за  кожни, респираторни  и за психички болести.

Хелиотерапијата  или лекување со сончева светлина е се попопуларно. Сончевата светлина го зголемува имунитетот, го подобрува расположението, стимулира физичка и ментална активност и побрзо зацелува рани . Потврдено е дека недостатокот од  сончева светлина предизвикува апатија, лошо расположение, нервоза и пад на имунитетот. Недостатокот на витамин Д, кој се создава со помош на сончевата светлина се поврзува со многу болести па и со канцер.

Таласотерапија  е лекување со морски воздух, вода и активни организми како алгите. Таласотерапијата е позната со илјадници години . На грчките острови Родос и Крф таласотерапијата се применувала уште пре 2 500 години. Во Франција во средината на 19 век покрај морскиот брег  биле отворени центри за лекување на здравствените тегоби. Таласотерпијата благотворно делува на алергија, астма, ревма,екцеми, псоријаза и многу други болести.

Балнеотерапија (латинскиот balneum-купка), ги лекува болестите со помош на водени купки. Се поврзува со бањското лекување, но освен термалните и минералните, таа подразбира морски купки и лекување со кал. Таа е одлична за ревматските и другите коскено-мускулни заболувања, потоа невролошки и кардиоваскуларни заболувања.

Спелеотерапијата ( грчкиот збор спелеос -пештера), е метод кој е базиран на дозиран престој на луѓето во специфичната микроклима на пештерите. Се практицира стотици години во рудниците на Источна Европа. Пациентите со астма, хроничен бронхитис, и други респираторни болести поминуваат по неколку дена или недели во рудниците во длабочина, вдишувајќи солен воздух во микроклиматски услови. Пештерите имаат провев, чист воздух, без алергени и причинители на болести, без озон и со висока концентрација на јони,

Терапија со ветар е древна ајурведска метода со топол и студен воздух, во зависност од потребите и типот  на организмот.

Соња Стојановска