Дипломатија

Власта бара решение, опозицијата оставки

19.11.2020 16:52

Реториката кон Бугарија останува пријателска, до последен момент напори меѓувладина конференција да се одржи до крајот на годинава. Државниот врв не чувствува одговорност, опозицијата очекува оставки и формирање влада за национален спас...

Македонскиот политички врв смета дека и покрај острите вербални напади од бугарските колеги, тие треба да продолжат со пријателска реторика на европско ниво. Тоа што Бугарија го бара од нас го нема во потпишаниот Договор за добрососедство, вели шефот на државата Стево Пендаровски.

Целиот свет има заедничка историја, посочува премиерот Зоран Заев. Тој дури апелира јавноста да се воздржува од остри и навредливи коментари кон Бугарија. Останува да се разговара, вели Заев, кој не чувствува одговорност за спуштената рампа за земјава од Европската унија поради ветото од Бугарија.

И додека премиерот Заев вели дека не е потребна лидерска средба бидејќи ВМРО- ДПМНЕ има реторика која не е од помош, опозициската партија посочува дека актуелната влада не направила ништо за спроведување на реформите, а бугарите го искористиле тоа.

Опозицијата го повтори ставот дека потребна е оставка на владата и формирање нова за национален спас.

 

Миле Ристески