Телекомите најчесто ги кршат правата на потрошувачите

15.03.2014 11:49

Пораката од Светската потрошувачка организација е „Подобрете ги нашите права во услугите од мобилната телефонија“. Во оваа насока е лансирана нова потрошувачка агенда за фер услуги во мобиланта телефонија...

Годинава Светскиот ден на правата на потрошувачите, 15-ти март, се одбележува под мотото „Остварени резултати во заштитата на правата на потрошувачите - кодекси на добра пракса“. 
 
Пораката од Светската потрошувачка организација е „Подобрете ги нашите права во услугите од мобилната телефонија“. Во оваа насока е лансирана нова потрошувачка агенда за фер услуги во мобиланта телефонија. Агендата се фокусира на најчестите проблеми - сигурен сервис, безбедност на личните податоци, фер договори и јасни сметки за користење на услугата. 
 
Купени производи со скриен недостаток, лош квалитет, несоодветна услуга или неисполнување на договор, нечесни практики на рекламирање.  Во Македонија, се поголем број граѓани реагираат до институциите ако се обесправени или незадоволни од услугите.
 
Правата на потрошувачите најмногу ги кршат телекомуникациските компании и фирмите за испорака на струја, вода и топлинска енергија, велат надлежните. Најчесто поплаките се решаваат во полза на потрошувачите, дефектот е бесплатно отстранет, производот заменет, посочуваат институциите.
 
Светскиот ден на потрошувачи почна да се одбележува од 1983 година со цел да се промовираат правата на потрошувачите во целиот свет.