Филипче: Здравствените работници се преморени ама не се откажуваат, да ги почитуваме мерките
Сега е најтешкиот период во справувањето со коронавирусот, а здравствените работници се под огромен притисок, но не се откажуваат, изјави вчера министерот за здравство, Венко Филипче...

Сега е најтешкиот период во справувањето со коронавирусот, а здравствените работници се под огромен притисок, но не се откажуваат, изјави вчера по седницата на Советот за безбедност министерот за здравство, Венко Филипче.
„Насекаде се истите мерки имплементирани. Помалку или повеќе тоа се модификации на истите принципи на превенција на спречување на ширење на вирусот. Здравствените работници посебно овој период се под огромен притисок. Огромен дел од нив се преморени ама не се предаваат. Тие и понатаму пожртвувано работат и се повеќе и со поголем ентузијазам се вклучуваат и во новите одделенија - делови од болници коишто сега ги планираме и во следниот период да станат ковид-центри“, потенцираше Филипче и апелираше до сите граѓани да се почитува работата на здравствените работници и да се почитуваат мерките за заштита во целост.
