Владата донесе решенија кои претходат на постапката за прогласување кризна состојба
Со решенијата се овозможува да отпочне постапката за прогласување кризна состојба според мислење на групата за проценка. Следен чекор е, управувачкиот комитет за короодинација и управување со системот за менаџирање кризи да испрати предлог до Владата, по што таа ќе донесе одлука за прогласување на кризна состојба.
Владата синоќа одржа седница. Донесени се решенија кои претходат на постапката за прогласување кризна состојба на целата територија на државата, согласно со препораката на Советот за безбедност.
Со решенијата се овозможува да отпочне постапката за прогласување кризна состојба според мислење на групата за проценка. Следен чекор е, управувачкиот комитет за короодинација и управување со системот за менаџирање кризи да испрати предлог до Владата, по што таа ќе донесе одлука за прогласување на кризна состојба.
Раководител на групата за проценка е Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.
