Седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата

20.11.2020 10:46

Членовите на оваа комисија ќе ја разгледаат и предлог-одлуката за основање на пратенички групи на законодавниот дом за соработка со парламентите на други држави.

Во Собранието ќе се одржи седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. На дневен ред е утврдување на предлог- одлука за изменување на одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на собранието, како и предлог-одлука за изменување на одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на комисијата за прашања на изборите и наименувањата.

Членовите на оваа комисија ќе ја разгледаат и предлог-одлуката за основање на пратенички групи на законодавниот дом за соработка со парламентите на други држави.

За денеска се закажани и продолженија на две собраниски седници.