Институции и обележја во Скопје ќе светнат во сина боја во чест на Денот на детето

20.11.2020 10:56

Годинава, Светскиот ден на детето се одбележува во услови на пандемија која, како што посочуваат од УНИЦЕФ, ги разоткри нееднаквостите во општествата, ставајќи ги децата под ризик да станат сокриени жртви.

Во знак на одбележување на Светскиот ден на детето, денеска дел од институциите во Скопје ќе бидат осветлени во сина боја, како симболичен гест на нивната заложба за унапредување на правата на децата.

Годинава, Светскиот ден на детето се одбележува во услови на пандемија која, како што посочуваат од УНИЦЕФ, ги разоткри нееднаквостите во општествата, ставајќи ги децата под ризик да станат сокриени жртви.

УНИЦЕФ ги повикува владите, бизнис-заедницата и сите други чинители да го одбележат овој ден како можност да се слушне, како децата и младите сакаат да ја преосмислат иднината.