Денови на македонска музика: Концерт на Симон Трпчески и пријателите

20.11.2020 11:02

Светски познатиот македонски пијанист, човекот кој ги освојува срцата на публиката со својата виртуозност, топлина и извонредна музикалност, по подолго време е повторно пред македонската публика, заедно со неговите пријатели, врвни македонски уметници...

Светски познатиот македонски пијанист, човекот кој ги освојува срцата на публиката со својата виртуозност, топлина и извонредна музикалност, по подолго време е повторно пред македонската публика, заедно со неговите пријатели, врвни македонски уметници: Влатко Нушев, Илинка Велкова, Александар Стојчески, Владимир Крстев, Паскал Краповски, Гонца Богоромова, Иван Наумовски, Милена Арсовска и Шкељзен Бафтијари.

Концертот ќе се одржи во вторник, 24-ти ноември, во големата сала на Филхармонија. На програмата на ова вистинско доживување се дела од Гоце Коларовски, Борјан Цанев, Димитрије Бужаровски, Панде Шахов, Александра Наумоски- Потиск, Томислав Зографски, Томе Манчев, Стојан Стојков, Фатос Лумани, Дарија Андовска и Александар Лековски.

Билетите се достапни преку продажната мрежа на mktickets.mk, а организацијата ги запазува сите мерки и протоколи за заштита од КОВИД-19.