Србија

Почина српскиот патријарх Иринеј

20.11.2020 10:19

Деведесетгодишниот Иринеј беше примен во Воената болница во Белград на 5 ноември откако имаше позитивен тест за коронавирус. Три дена претходно ја предводеше богослужбата во чест на митрополитот црногорско-приморски Амфилохије, кој исто така почина од Ковид-19.

Почина српскиот патријарх Иринеј како последица на коронавирусот. Тој се лекуваше во Воената болница во Белград. Патријархот на српската православна црква почина изутрина од Ковид-19, откако нагло му се влошила состојбата.

Деведесетгодишниот Иринеј беше примен во Воената болница во Белград на 5 ноември откако имаше позитивен тест за коронавирус. Три дена претходно ја предводеше богослужбата во чест на митрополитот црногорско-приморски Амфилохије, кој исто така почина од Ковид-19.

На богослужбата во Подгорица никој не носеше маска, а некои од присутните го бакнуваа телото на починатиот кое беше положено во отворен ковчег.