Потврдена победата на Бајден во Џорџија
20.11.2020 11:10
Резултатите од пребројувањето ја потврдија малата предност на кандидатот на Демократската партија.

Новоизбраниот претседател на САД, демократот Џозеф Бајден, и официјално ја освои сојузната држава Џорџија на претседателските избори, покажа пребројувањето на гласовите.
Резултатите од пребројувањето ја потврдија малата предност на кандидатот на Демократската партија. Ова е прва победа на еден демократски кандидат од 1992 година, кога Бил Клинтон доби повеќе гласови од тогашниот претседател Џорџ Буш.
