Групата за проценка на Управувачкиот комитет го поддржа предлогот за кризна состојба
Групата за проценка на Управувачкиот комитет, со која раководи в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов за МТВ потврди дека е поддржан предлогот на Советот за национална безбедност за 30-дневна кризна состојба. Заклучокот ќе биде доставен до Владата, по што таа треба да донесе одлука за прогласување на кризна состојба...

Владата синоќа на седница донесе решенија кои претходат на постапката за прогласување кризна состојба на целата територија на државата, согласно со препораката на Советот за безбедност за прогласување кризна состојба на територијата на целата држава, во траење од 30 дена.
Групата за проценка на Управувачкиот комитет, со која раководи в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов за МТВ потврди дека е поддржан предлогот на Советот за национална безбедност за 30-дневна кризна состојба.
Заклучокот ќе биде доставен до Владата, по што таа треба да донесе одлука за прогласување на кризна состојба.
Прогласувањето кризна состојба ќе овозможи целосна соработка меѓу војската и полицијата, како и можност Владата да менаџира и со ресурси од приватните здравствени установи, кои ќе бидат компензирани за услугите.
