Митрев: Јас и мојот тим стоиме на располагање

20.11.2020 12:11

„Како во јавното здравство така и кај нас, имаме огромен притисок од пациенти, нема слободен кревет, а на листата на чекање има над 30 пациенти“, вели д-р Митрев во дописот.

„Поради сериозната ситуација со Ковид-19, јас и целиот тим стоиме на располагање, со нашето знаење и искуството да помогнеме во третирањето на најтешките форми на инфекции од коронавирусот“- со писмен допис се огласи, д-р Жан Митрев, по предлогот за воведување кризна состојба и можноста за користење на капацитетите на приватните клиники.

„Како во јавното здравство така и кај нас, имаме огромен притисок од пациенти, нема слободен кревет, а на листата на чекање има над 30 пациенти“, вели д-р Митрев во дописот.

Директорот на клиниката „Жан Митрев“ појаснува дека клиниката работи со полн капацитет, персоналот е веќе преморен, а дел се и во изолација.