Ковид-криза

Туризмот во земјава бележи загуби од над 30%

20.11.2020 14:27

Од почетокот на пандемијата, само за првите шест месеци, туризмот во земјава бележи загуби од над 30 проценти- велат од Агенцијата за поддршка на туризмот. Оттаму посочуваат дека и идната година треба да продолжат мерките за поддршка на туристичкиот сектор.

Според статистиката, во месеците август и септември е забележан раст на бројот на домашни туристи. Ваучери беа поделени на над 100 илјади граѓани.

Според првиот човек на агенцијата, Јаневски, се работи на зимскиот туризам. За да бидат отворени зимските центри, дополнителни протоколи ќе бидат побарани од Комисијата за здравство. Интерес, велат, има од белоруски и украински тур- оператори.

Регионот и традиционалните пазари ќе бидат во фокусот за идната 2021 година. Со предлог- буџетот за идната година за Агенцијата за промоција на туризмот се предвидуваат помалку пари од лани.

Дијана Ценевска