Младите со идеи за поквалитетен образовен процес
„За децата од децата - иднината на образованиетo“- на светскиот ден отворено за секојдневните проблеми, предизвиците во време на пандемија, модернизирање на наставата, справување со врсничкото насилство. Младите со идеи за поквалитетен образовен процес, надлежните со ветување – со вклученост на сите ќе се обидеме да изградиме личности за почит...

Справување со предизвиците од онлајн наставата, градење вештини кај младите, менталното здравје и врсничкото насилство- учениците ги претставија своите идеи пред одговорните. Побараа поквалитетно учење и образование.
Сакаме образование што ќе изгради личности кои што ќе ги почитуваат граѓанските права, толеранцијата и различностите и ќе воспитуваат и образуваат во духот на мултикултурализмот, рече премиерот Заев.
Евроамбасадорот Дејвид Гир, предложи план за воспоставување европска образовна зона до 2025 година која вклучува поголем квалитет, инклузивност и родова сензитивност, зелена и дигитална транзиција, мотивирани наставници, посилно високо образование.
Пандемијата ги изложи на виделина длабоките нееднаквости во општеството и создава голем ризик децата да станат скриени жртви на сето тоа, порача претставничката на УНИЦЕФ, Ди Џовани.
Министерката за образование Царовска рече дека мора да посвети поголемо внимание на образованието ако навистина сакаме да имаме граѓани кои ќе се грижат за државата и кои што се подготвени да ја градат и развиваат.
Порака од сите - борбата за унапредување продолжува, бидејки секое дете е важно.
Александра Спировска
