Истражување: 10% од децата биле жртва на насилство

20.11.2020 15:47

На Светскиот ден на детето - истражување на Меѓаши. 10 проценти од најмалите биле жртви на насилство, а двојно повеќе од нив познаваат некој што се соочил со тоа. На врвот на листата на проблемите, исмевање поради полот и етничката припадност, како и злоупотреба на личните податоци...

Една четвртина од децата наведуваат дека познаваат некој чии податоци, фотографија или видео биле споделувани на интернет без негова согласност, додека на осум проценти тоа лично им се случило, покажува истажувањето на Првата детска амбасада Меѓши.

Бројките детектираат дека повеќе од 10 проценти од децата биле жртва на насилство, а околу 22 проценти познаваат некој што бил жртва. Според податоците, децата во Македонија се жртви на педофилија, психолошко насилство, кибер и вербално насилство, како и семејно насилство.

Поради пол, возраст, етничка припадност, речиси половина од децата биле исмеани, навредени. Шест проценти од испитаниците признале дека се свесни дека некого навредувале, омаловажувале. Освен против дискриминација,  децата алармираат дека им треба чиста животна средина.

63 проценти од децата знаат дека возрасните изготвиле Конвенција за правата на децата, но 90 проценти не знаат кои се нивните права. Ги повикаа врсниците ако имаат проблем да бараат совет на СОС телефон. Во истажувањето биле опфатени околу 1.000 ученици од целата држава. Испитанаците се на возраст од 12 до 17 години.

 

Наташа Јанчиќ Менковски