Градинките во Тетово безбедни, празни места има
Ковид-19 го намали интересот за упис на деца во детската градинка Младост во Тетово. Во петте објекти на оваа установа се згрижени 270, иако според здравствените протоколи тука можат да престојуваат 570 дечиња. Состојбата со вирусот е стабилна, благодарение на почитување на мерките, велат од раководството...

Децата се пречекуваат од вработените, кои на самиот влез им мерат температура, ги дезинфицираат, а потоа ги предаваат на воспитувачките во занималните.
Моментално од оваа установа, осум вработени се во изолација. Од раководството велат дека се работи за воспитувачки од различни објекти, затоа и кадарот со кој располгаме е доволен да се грижи за запишаните деца.
Децата почесто се внатре во мали групи во простории каде и по неколку пати се врши дезинфекција. Според протоколите, внатре никој, како и нашата екипа, не смее да влезе. Дел од дечињата затекнавме во дворот искористувајќи го убавото време.
Градинките во Тетово се безбедни, празни места има, досега велат од установата ниту едно дете не било заразено.
Држење дистанца, носење маски, хигиена, мерење на температура и по неколку пати. Со почитување на протоколите и во време кога има брза трансмисија на болеста, воспитно - образовниот процес за најмалите може да се одржува без последици по здравјето.
Зоран Димовски
