По 17 години започна да се дисплоцира троската од поранешната велешка топилница
Се става крај на една од десетте црни еко- точки. По 17 години ќе се дислоцира 1,8 милиони тони троска, која е резултат на 30-годишната работа на велешката топилница. Проценките се дека за четири години, Велес послободно ќе диши...

Трет ден откако непречено се одвива дислоцирањето на троската од поранешна Топилница во соседна Србија и во Косово. Доколку се оди според планот, Велес конечно ќе се ослободи од „црниот облак“ за четири години.
Се става крај на една од 10-те црни еко точки во Македонија, велат Екологистите. Троската е составена од 6 до 10% цинк, 2,2 до 2,4% олово, 25% железен оксид како и арсен и кадмиум.
Желбата за здрава животна средина беше многу посилна од желбата за профит. Во Велес, пред повеќе од една деценија, се одржа најмасовиот протестен марш кои ги обедини граѓаните под мотото „Еден мора да си оди- или топилница или ние“.
Памела Цилаков
