Убавина на ноктите
Сите ние сакаме перфектно обликувани нокти. Генетиката и здравјето се основните фактори. Овалн облик на ноктите покажува недостаток на железо, додека коцкасти, широки нокти можат да предупредуваат некаков хормонален дисбаланс. Прилично дебелите нокти покажуваат васкуларна дегенерација или променлива тироидна состојба...

Нашите нокти се безбојни и транспарентни. Здравите нокти појавуваат розова нијанса поради изобилството на крвни садови под кожата. Ткивата на ноктите се наречени база на бела боја со месечина на врвот на базата.Над ова доаѓа подлогата на ноктот, каде ноктот се прицврстува за телото. Кутикулите растат над подлогата на ноктот и формираат непропустлива кожа, која ја заштитува основата на ноктот од инфекции, страни тела и надворешни влијанија. Вимавајте, при маникир или педикир се отстрануваат кутикулите – можноста да дојде до некоја инфекција е голема.
Во принцип козметичарите не котистат хемиски зацврстувачи или кондиционери за нокти како дел од своите техники. Овие продукти не го забрзуваат нивното растење ниту пак ја зголемуваат нивната цврстина. Тие содржат чисто полирање кое мора да биде отстрането со штетен растворувач. Растворувачите пак, ја одземаат природната влажност на ноктот, со што доаѓа и до оштетување на кератините и протеините на ноктите кои предизвикуваат лупење и кршливост. Природните третмани вклучуваат употреба на алое вера за лековити цели во комбинација со масла од јаглика, камелија или бадем кој овозможува омекнување.
Овошни киселини се додаваат за омекнување на ктикулите, за да можат полесно да се отстранат.Вие можете да правите сами третмани на вашите нокти масирајќи ги со масла од шипинки. Ова масло содржи состојки кои ги зацврстуваат ноктите и го стимулираат нивното растење. Масните киселини пак, ја потпомагаат влажноста на ноктите, а витаминот Ц помага во заштитата од бактерии. За да ги заштитите ноктите, додолку миете садови или имате контакт со некакви средства користете водоотпорни ракавици. Водата ги набабрува и собира со што се предизвикува нивно сушење. Како резултат на ова добивате кршливи нокти.Погледнете во вашите раце. Дали вашите нокти се кршливи, со линии или без сјај? Тоа може да биде знак за некаква метаболитичка промена.
Кршливите нокти можат да бидат симптоми за одредени болести, како: проблеми со тироидната жлезда, бубразите, проблеми со циркулацијата или сигнализатори за намалено колчество на витамин А, калциум или омега - 3 масните киселини, особено ако сте на некаков режим на исхрана.Вертикалните линии се знак за недостаток на протеини и железо, додека пак хоризонталните линии покажуваат емоционален или физички стрес. Двата вида симптоми можат да предизвикаат неправилна хранлива апсорпција. Белите дамки се знаци на брза или неправилна диета. Тие обично исчезнуваат кога цинкот се враќа на нормалното ниво. Кршливоста, лупењето и раздвојувањето можат да бидат предизвикани од многу слаба минерална апсорпција. Еластичноста пак, е потпомогната од дигестивните ензими.
Сите ние сакаме перфектно обликувани нокти. Генетиката и здравјето се основните фактори. Овалн облик на ноктите покажува недостаток на железо, додека коцкасти, широки нокти можат да предупредуваат некаков хормонален дисбаланс. Прилично дебелите нокти покажуваат васкуларна дегенерација или променлива тироидна состојба. Недостаток на витамин А и витамин Б12 предизвикува потемнување на основата на ноктот и искривувања на краевите на ноктите. Диетите кои содржат 50% овошје и зеленчук, обезбедуваат витаминска и минерална апсорпција која што е корисна.
Вклучени се и зрнести продукти, лешници, бадеми, ореви и храна која што е богата со железо и протеини. Како дневна доза, конзумирање на течности, најдобро свежо исцеден сок од моркови е извор на калциум и фосфор потребни за цврстината на вашите нокти. Силициумот е потребен за формата и цврстината на ноктите. Може да се постигне со сварен чај од херба и додатоци од овесни снегуклки. Хербата го зголемува нивото на амино киселините кои ја подобруваат кожата и го потпомагаат нивното растење.
