Седници на пет собраниски комисии
За денеска се најавени седници на пет собраниски тела. Комисијата за здравство ќе разгледува два предлога на групи пратеници за дополнување на законите за заштита на населението од заразни болести и за здравствена заштита...

За денеска се најавени седници на пет собраниски тела. Комисијата за здравство ќе разгледува два предлога на групи пратеници за дополнување на законите за заштита на населението од заразни болести и за здравствена заштита.
Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе разгледува три предлога за изменување на законите за домување, за железнички систем и за комунални дејности, сите во прво читање.
Комисијата за политички систем ќе ги разгледува предлозите на законите за измени и дополнување на законите за лично име и за патни исправи, додека законодавно- правната комисија попладнево ќе ги разгледува сите овие законски предлози.
