КОВИД-19

Ефикасност од 70% на „Оксфордската вакцина“

23.11.2020 10:00

Британската влада нарача 100 милиони дози...

Тестовите покажаа 70-процентна ефикасност на вакцината на Универзитетот во Оксфорд .  Висок степен на ефикасност има и кај вакцините на компаниите „Фајзер“ и „Модерна“ која е проценета на 95 проценти.

Според Би-Би-Си, во оксфордската која е многу поевтина, била и полесна за складирање и доставување до кој било дел од светот.

Британската влада порача 100 милиони дози, што ќе биде доволно за вакцинирање на 50 милиони луѓе. Во тестирањето беа вклучени 20.000 волонтери, од Велика Британија и Бразил.

Вакцината мора да биде одобрена од регулаторните тела пред испораката, а се очекува тоа да се случи во наредните недели.