САД

Дипломатот Ентони Блинкен нов државен секретар на САД

23.11.2020 10:53

Според американските медиуми, државен секретар ќе биде дипломатот Ентони Блинкен кој служеше и во ерата на поранешниот претседател на САД, Барак Обама.

Новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден се очекува утре да ги објави имињата на оние кои ќе ги извршуваат најважните државни функции во неговиот кабинет по инаугурацијата на 20 јануари.

Според американските медиуми, државен секретар ќе биде дипломатот Ентони Блинкен кој служеше и во ерата на поранешниот претседател на САД, Барак Обама. Тој е голем поддржувач на мултилатерализмот и ќе го наследи Мајк Помпео,државниот секретар на сегашниот претседател Доналд Трамп, кој спроведува политика на максимален притисок врз Иран и Кина.

Бајден ќе ги именува и идните раководители во секторите за економија, националната безбедност и јавното здравство.

Во меѓувреме, се зголеми бројот на републиканци кои бараат од Трамп да запре со оспорувањето на изборните резултати.