Новини во Законот за превоз во патниот сообраќај за земјоделците и такститие

15.03.2014 12:43

Измените и дополнувањата се направени имајќи ги предвид потребите на земјоделците со цел олеснување на вршењето на превозот на стоки при вршењето на нивната дејност, како и врз основа на предлозите од Градот Скопје за осовременување на дејноста такси превоз...

Министеорт за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска ги презентираа новините во Законот за превоз во патниот сообраќај.
 
Согласно промените, носителите на семејно земјоделско стопанство евидентирани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои имаат во сопственост или под лизинг најмногу две возила за сопствени потреби не треба да поседуваат лиценца, превозот можат да го вршат врз основа на потврда издадена од Министерството за транспорт и врски.
 
Новини има и во такси превозот. Возачот со себе задолжително треба да го има сертификатот за авто-такси превоз, а сертификатот е задолжителен услов за добивање лиценца за вршење на оваа дејност.
 
Измените и дополнувањата се направени имајќи ги предвид потребите на земјоделците со цел олеснување на вршењето на превозот на стоки при вршењето на нивната дејност, како и врз основа на предлозите од Градот Скопје за осовременување на дејноста такси превоз во Република Македонија кои се усогласени со Здруженијата на авто-такси превозниците во Градот Скопје.