Стопанска комора: Земјоделските субвенции не дадоа резултат

23.11.2020 13:52

Да се најде нова рамка на соработка помеѓу бизнис секторот и ресорното Министерство за земјоделство за поголема ефикасност во носењето развојни мерки и воспоставување нова форма на дијалог, бараат од Стопанската комора. Од таму излегоа со предлог за итните мерки за развој на агросекторот, во пост ковид периодот...

Државното земјоделско земјиште при распределба и продажба да биде дадено на професионалци, предлагаат компаниите. Според нив, секое пренаменување или прераспределување на ова земјиште нема да даде ефект.

Експертите велат дека се залагаат и субвенциите да одат по продаден килограм производство, а не по хектар. Начинот за распределување површини е преземан од Европската унија, но не резултирал со посакуваните резултати.

Според експертите, за да не заминуваат младите земјоделци мора да ги имаат најмодерните услови.

Според Стопанската комора, потрошените речиси една милијарда евра земјоделски субвенции во изминатите години, не дадоа резултат. Нестабилно е и производството на пченица, приносот е под четири тони на хектар, сортите за семе се лоши, а технологијата застарена.

Сточниот фонд се намалува, увозот е зголемен, од традиционален производител на млеко, земјава повторно станува увозник, наведуваат од комората.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска