Финансии

Пандемијата предизвика поголема примена на дигиталната технологија во банкарството

23.11.2020 15:08

Пандемијата со Ковид- 19 предизвика енормно зголемување на користењето на дигитални технологии, особено во банкарството и во финансиската сфера. Само плаќањата преку интернет со платежни картички пораснале за дури 168 насто...

Пандемијата влијаеше врз поголема примена на дигиталната технологија во финансиските трансакции на граѓаните, велат експертите. Во јуни годинава најочигледен бил високиот годишен раст на плаќањата со платежни картички на интернет од 168 проценти, што е за седум пати повеќе од растот лани. Исклучителен раст бележи и користењето електронско банкарство од физички лица. Бројот на електронските кредитни трансфери се зголемил за 34 проценти на годишна основа. При тоа, граѓаните најчесто ги користеле мобилните телефони и персоналните сметачи, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Во услови на Ковид- 19 државата е заинтересирана финансиските услуги да бидат подостапни до граѓаните, тврди министерот за финансии, Бесими.

На корона кризата мораа да се прилагодуваат и ресурсите во капитално финансираното пензиско осигурување, посочуваат од советот на експерти на МАПАС.

Подолгорочните трендови во финансискиот сектор преку раст на понудата на нови финансиски производи што се темелат на нови напредни дигитални технологии, а кои пандемијата уште повеќе ги потенцираше, наложуваат поголема дигитална финансиска писменост на населението, тврдат експертите и од монетарната и од фискалната сфера.

 

Фиљана Кока