„Денови без драма“- трета годишна премиера на Битолскиот театар
Претставата е целина од пет заокружени приказни. Погледот на животот, каде правилата се исти е прикажан преку четирите повозрасни ликови наспроти ликот и размислувањата за човекот животот на една млада девојка...

Во претставата „Денови Без Драма“ работена по текст и режија на гостинката од Холандија, Мариолен Биренс, го претставува човечкиот пејсаж на емоции. Дејствието се случува во текот на едно деноноќие, во кое авторката обработува еден исечок од сопствениот живот, идеја која се родила како резултат на осамените мисли што работаат околу случувањата во животот, по една случка кога и починале родителите.
„Дејствието се случува на една тераса каде луѓето доаѓаат за едноставни работи, да пијат чај да разговараат меѓу себе, но на крајот на сите крајната цел им е да се поврзат некако како заеднички би ја пополниле егзистенционалната празнина што ја чувствуваат“, вели режисерката од Амстердам Мариолен Биренс.
Претставата е целина од пет заокружени приказни. Погледот на животот, каде правилата се исти е прикажан преку четирите повозрасни ликови наспроти ликот и размислувањата за човекот животот на една млада девојка.
„Животот не е без драма и драматичност, не можеме секогаш да ги предвидиме околностите во кои што живееме и се снаоѓаме, но мислам, се работи за еден личен избор на кој начин ке се справиме со драматичноста во нашите животи“, вели повозрасната битолска актерка Соња Михајловска кој го игра ликот на Дамата од љубов.
Михајловска смета дека оваа претстава ќе биде вистинско освежување за публиката. Тоа е добра можност да се почувствува сензибилитетот што го носат културите на две земји, иако крајниот заклучок е дека лугето ги носат главно истите проблеми и содржини, различен е само начинот со кој се соочуваме со нештата во сопствените средини.
Стевче Митревски
