Велес ќе добие мерни станици за квалитет на воздухот

23.11.2020 16:20

Еколошко душтво „Вила зора“ во соработка со Инфо проект на територијата на Општина Велес оваа недела ќе постави три мерни станици, распоредени на различни локалации. Мерните станици се дадени на времено користење...

По долг период, Велес ќе добие мерни станици за мерење на квалитет на воздухот. Резултатите и измерените податоци, граѓаните ќе можат да ги следат онлајн, велат екологистите.

Мерните станици се изаботени според европските стандарди за квалитет на воздух, а истете се дел од проект на Фондот за иновации на државава.

Инаку, добра вест е тоа што една велешка компанија произведе иновативно еколошко возило со кое што ќе се одржува чистота во градот, а тоа воедно ќе придонесе за намалување на загаденоста на воздухот.

 

Памела Цилаков