Политика

Собранието без кворум за работа, дали станува нефункционално?

23.11.2020 16:46

Многу врева и политика за здравјето и во законодавниот дом. На комисијата усвоен предлогот на власта и по пензионирањето, лекарите да можат да работат. Опозицијата, која предлага формирање специјална комисија за здравство, протестираше на просторот за работа и размислува за оневозможување на собраниски кворум...

Дали Собранието станува нефункционално? Секој со своите политики, но Ковид-19 го направи своето. Редица отсутни пратеници кои поради болест кои во изолација, а пред сите чека расправата за буџетот за наредната година и поднесените 528 амандмани од опозицијата. Токму тие се налутија на спикерот Џафери и најавуваат дека можно седниците да немаат кворум за работа. Ваквата реакција од ВМРО – ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива доаѓа откако спикерот Џафери без да разговара на координација со нив поднесе измени на Деловникот за да се овозможи болните пратеници онлајн да можат учествуваат во работата на Собранието.

Се чини, чашата ја прели работата на Комисијата за здравство на која опозицијата бараше да има пренос од расправата по нивниот предлог за формирање специјална комисија за заразни болести.

Социјалдемократите кои и претходно бараа виртуелно вклучување на болните пратеници од ковид, велат фунционално, наспроти блокирано Собрание во секоја смисла, е интерес на сите граѓани. Се надеваме дека сите пратеници ќе ја поддржат измената на Деловникот со цел и во вакви тешки услови да можеме да функционираме како што функционираат сите парламенти во светот, велат од СДСМ.

Разногласие меѓу партиите и за тоа како треба да бидат изгласани измените во Деловникот. За владејачката гарнитура потребно е просто мнозинство. Опозицијата тврди потребни се 80 пратенички гласови за виртуелна работа на законодавниот дом.

Миле Ристески