Потиснатите емоции го загрозуваат здравјето

23.11.2020 16:21

Зошто ги потиснуваме емоциите и какви последици носи тоа? Секоја емоција има свој орган. Срцето страда поради премногу возбуда, па дури и од среќа. Грижите се одразуваат на слезенката, Постојаниот страв на бубрезите, а тагата ги уништува белите дробови. Кoга сме под стрес имаме грчеви во желудникот, Кога плачеме од тага, се гушиме во солзи, и кога нешто ќе не преплаши се тресеме од страв.

Емоциите се тесно поврзани со физичкото здравје, а причината за многу болести се токму емоциите. Избегнувањето на соочување со емоции често се манифестира како компулзивно однесување. Се доаѓа од мислите кои што раѓаат емоции, а тие пак делуваат на телото така што го стимулираат или дестимулираат симпатикусот и парасимпатикусот, а нерамнотежата меѓу овие два нервни система создава физичко заболување. Стравот и депресијата во телото преедизвикуваат специфични хемиски реакции различни од оние што ги предизвикуваат среќата и задоволството. Но, во животот ништо не е совршено и за да се заштитиме треба да научиме дека не е важно што се случува околу нас и со нас, туку важное е каква е нашата реакција на нив. Емоциите тешко се контролираат затоа треба да се прифаќаат, да се набљудуваат и да се учи од нив. Тие нѝ покажуваат што се случува внатре во нас и потребно е да се наслушнат. Но, според психолозите потиснатите емоции во 75% од случаите се главниот предизвикувач на болестите, а другото е генетика. Соочувањето и преживувањето на емоциите е најдоброто долгорочно решение. Потиснатите закопани емоции доведуваат до сериозни болести како рак, артритис, а појавата на депресија го отежнува лекувањето. Емоциите од детството, скриени длабоко во потсвеста се најтешки за отпуштање. Седумте основни емоции се лутина, среќа, грижа, замисленост, тага, страв, шок, а секоја е поврзана со функционирање на одреден орган. Ако се појави нерамнотежа во некој орган тоа значи дека некоја емоција делува на здравјето, а органот функционира во друга насока. Пример ако црниот дроб собира премногу токсини се појавува лутина и човекот станува раздразлив без причина. Лутинатае поврзана со замерување, фрустрации и бес и затоа може да се појави висок притисок, вртоглавици, главоболки. Заради лутината страда и жолчката и желудникот.

Во реченицата која често ја изговараме „ тоа не е важно“ се крие стапица. Соочете се со „безначајните повреди“ , затоа што под маската на неважно“ се наоѓа она што не повредило. Неразрешените проблеми нѝ оневозможуваат да одиме напред, Не се прејадувајте ако сте тажни, туку поразговарајте со некого. Обидете се да откриете која емоција е во позадина на потребата да се прејадувате или опивате. Посветете се на решавање на проблемот , наместо да се „лекувате“ со компулсивно однесување. Долгото задржување на неизживеаните емоции во телото го разоруваат, му одземаат многу енергија, причина се за хроничен умор, депресија и желба за самотија. Се појавува потреба за пополнување на празнината, па се надополнува со прејадување, алкохол, дроги , секс. Сето ова е краткорочно залажување. Затоа е потребно емоциите да се контролираат, набљудуваат и прифаќаат.

Соња Стојановска