Владата ќе ја одржи редовната 24-та седница
Во рамки на седницата, како што соопшти владината прес- служба, меѓу повеќето точки на дневен ред за разгледување се Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, како и Предлог-законот за дополнување на Законот за трговија.

Преку видеоконференциска интернет комуникација Владата денеска ќе ја одржи редовната 24-та седница.
Во рамки на седницата, како што соопшти владината прес- служба, меѓу повеќето точки на дневен ред за разгледување се Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, како и Предлог-законот за дополнување на Законот за трговија.
За разгледување, на денешната Владина седница е и Информацијата за текот на преговори за пристапување кон Спогодбата на Светската трговска организација за јавни набавки.
