Велика Британија: Пократок карантин за патници со негативен тест на Ковид- 19 од 15 декември
Од 15 декември британските власти ќе го скратат двонеделниот карантин за патниците кои ќе направат негативен тест за коронавирус пет дена по влегувањето во земјата...

Како што објави британската влада, оваа одлука треба да го оживее туризмот, особено секторот за воздушен транспорт, кој претрпе значителни загуби за време на пандемијата.
Од 15 декември, патниците што пристигнуваат во Велика Британија со авион, траект или воз ќе можат да стават крај на карантинот ако нивниот тест биде негативен пет дена по пристигнувањето.
Патниците мора да закажат тест пред патувањето, да пополнат формулар на кој може да се лоцираат и мора да бидат во изолација до резултатите од тестот.
Оние кои ќе изберат да не бидат тестирани пет дена по пристигнувањето во Велика Британија, ќе мора да почитуваат двонеделен карантин.
Дијана Гогова Атанасова
