Боробудур во Индонезија: Мистично место среде дождовна шума
Среде островот Јава во Индонезија, на врвот на еден рид, опкружен со бујна вегетација и вулкани, се наоѓа храмот Боробудур, најголемиот будистички споменик во светот и центар на аџилак и образование во Махајана будизмот.

Изградбата на храмот започнала пред околу илјада двесте години со помош на камења земени од локалните реки и потоци, кои градежниците ги поврзувале едни со други, без помош на малтер. Резултатот е зграда слична на стрмна пирамида, која треба да имитира форма на свет цвет, висока дваесет и девет метри и опкружена со повеќе од петстотини статуи на Буда.
Долните тераси на храмот се состојат од балустради кои го спречуваат погледот кон надворешниот свет. Наместо тоа, има три илјади релјефни скулптури кои ги прикажуваат животот и учењата на Буда. Заедно тие го создаваат најголемиот сет на вакви скулптури на Буда во светот.
Искачувањето на Боробудур е аџилак само по себе. Поентата на искачувањето е да се доживее храмот физички и духовно, во согласност со принципите на будизмот Махајана.
Додека се искачувате нагоре, низ девет обесени тераси составени од седумдесет и два столба (физичко претставување на фазите што водат до нирвана) ве следат приказни и мудрост на барелјефите, кои минуваат од една во друга симболична рамнина на свеста, бидејќи секое ниво ве води повеќе до просветлување-нирвана.
Боробудур бил мистериозно напуштен во 16 век, кога центарот на животот на Јава се префрлил на исток, по пристигнувањето на исламот на островот во текот на 13 и 14 век. Вулканските ерупции ја носеле пепелта до манастирот, а бујната вегетација започнала да се вкоренува во напуштената област
Во 19 век, Сер Томас Стемфорд Рафлс, британскиот гувернер на Јава, слушнал за ова место. Ова откритие го претстави благиот Боробудур во светот, но исто така предизвика и процес на распаѓање. Селаните почнале да земаат камења како градежни материјали, додека крадците краделе глави на Буда и други богатства за приватни и јавни колекции ширум светот.
За среќа, колапсот на Боробудур бил спречен со посилни регулативи и амбициозен конзерваторски проект. Кампањата „Да го спасиме Боробудур“ од 1968 година, е започната од владите на Индонезија и УНЕСКО.
Дијана Гогова Атанасова
