Почнува комисиската расправа за предлог- буџетот за идната година

24.11.2020 10:38

Државната каса ќе тежи 4 милијарди евра. Владата најавува економско заздравување од корона кризата, а во следните три години, забрзан и одржлив економски развој...

Почнува комисиската расправа за предложениот буџет за идната година. Може да трае најмногу 10 дена. Државната каса ќе тежи 4 милијарди евра. Владата најавува економско заздравување од корона кризата, а во следните три години, забрзан и одржлив економски развој.

Според опозицијата, ова е гломазен буџет со голема дупка и нејасни проекции. Поднесени се 528 амандмани, најголем дел, 390 се од ВМРО-ДПМНЕ.

Буџетските приходи се проектирани за 8,3 насто повеќе во однос на вториот ребаланс за годинава. Дефицитот пак, се планира да биде 4,9 проценти од БДП.