Трамп: Почна промената на власта, борбата сè уште трае
Шефицата на Американската агенција за општи работи го известила новоизбраниот претседател Џо Бајден дека администрацијата на Трамп е подготвена да го започне процесот на формална транзиција.
Aдминистрацијата на претседателот на САД, формално му даде одобрување на новоизбраниот претседател Џо Бајден да почне со преземањето на власта. Трамп потврди дека препорачал да почнат првичните протоколи за предавање на власта.
Шефицата на Американската агенција за општи работи го известила новоизбраниот претседател Џо Бајден дека администрацијата на Трамп е подготвена да го започне процесот на формална транзиција.
Одлуката на претседателот доаѓа по речиси три неделна неизвесност со непризнавање на резултатите, повикувајќи се на нерегуларности како гласање на починaти или отселени лица, двојно гласање или гласање под принуда.
