Профитот заложник на комуникациите во фирмите
Сегашната лоша состојба на македонските компании може да се препише на лошите комуникациски техники кои владеат внатре во правните субјекти...

Профитот често е заложник на внатрешната кмуникација во фирмите. Експертите се децидни, дека не може секој да води состанок и да делегира работни задачи и обврски. Сегашната лоша состојба на македонските компании може да се препише на лошите комуникациски техники кои владеат внатре во правните субјекти. Затоа, експертите сметаат дека менаџерите мора да поминат низ обуки на кои ќе ги совладаат ккомуникациските вештини кои некогаш се главниот предуслов за ефикасно работење.
„Сегашната состојба во која се наоѓа стопанствто, е во оној дел лоша, токму заради лошата комуникација со луѓето. За жал има директори кои немаат елементарни познавања од водење состанок“, вели професор Љупчо Георгиевски, од Бизнис Академија Смилевски.
Професорот смета дека од друга страна формалната комуникација треба да ја знаат и вработените. Според него, работникот мора да го држи нивото на разговор со претпоставените. За во случај да не ги знае сите лица во хиерархијата на компанијата, постојат техники за да не погрешат.
„Правило за да не згрешите никогаш е кон секого да се однесувате како кон директор. Тука нема промаршување. Културно, со дигнитет, и тогаш нема никогаш да згрешите“, објаснува професор Георгиевски.
Хармоничната комуникација во фирмите, преку меѓусебното запознавање, и на претпоставените и на работниците е здравиот темел кој на компанијата може да и осигура сигурно место во светот на конкуренцијата, заклучуваат експертите.
Катерина Дафчева
