Столтенберг: Во февруари одлука за мисијата во Авганистан
На наредната средба на министрите за одбрана на земјите- членки на НАТО закажана за февруари во 2021 година, ќе биде донесена одлука за продолжување на мисијата за обука во Авганистан, изјави генералниот секретар, Јенс Столтенберг.

Истакна дека Алијансата ќе се соочи со тежок избор. Или да се остане и да се плати цената на воениот ангажман, или да се замине и да се ризикува да се загуби сè што било постигнато и мировниот процес да пропадне.
САД претходно соопштија за ново намалување на својот персонал од Авганистан, од 4.500 на 2.500 лица.