Финансии

Почна амандманската расправа за предлог- буџетот за 2021 година

24.11.2020 16:40

На комисиска седница почна амндманската расправа за предлог- буџетот за 2021 година. Во фокусот, обезбедување средства за антикризни мерки и редовно сервисирање на буџетските обврски. За мнозинството, државната каса е континуитет на одговорните и домаќински политики, за опозицијата - дополнително ќе се донесе сиромаштија...

Економски раст и заздравување носи новиот буџет за 2021-ва година, вели министерот за финансии Бесими. Во експозето на првиот ден од собраниската расправа посочи дека во фокусот е обезбедување средства за антикризните мерки и сервисирање на буџетските обврски.

Пари се обезбедуваат за капитални инвестиции, за субвенции во земјоделството. Со новиот буџет, вкупните приходи се проектирани околу 3,5 милијарди евра, расходите на 4 милијарди евра. Буџетскиот дефицит е проектиран на 4,9 отсто од БДП. Се очекува раст на економијата од 4,1 процент.

Според опозицијата, буџетот за идната година дополнително ќе донесе сиромаштија. Оттаму велат дека е нереален, наместо консолидација на економските текови, ќе се зголемува јавниот долг. Од владејачката партија пак, потенцираат дека продолжува поддршката на бизнисот и отворањето на работни места.

По предлог- буџетот за идната година поднесени се 528 амандмани, најголемиот дел од ВМРО-ДПМНЕ.

Дијана Ценевска